20 ГОДИНИ ВЕРНИ НА ВАС

Денес една од водечките домашни компании за производство на хемиски производи и пластична амбалажа за сопствени потреби. Основана во 1992 година како семејна компанија, денес со седиште во населбата Илинден, со сопствен производен погон на површина од 2000 м2, своите производи ги пласира низ целата територија на Р.М .

Препознатлива по својот бренд Мил (детергенти за садови, средства за чистење, средтсва за лична хигиена, детегенти за алишта),кои се резултат на беспрекорната работа на нашиот тим од експерти кои секој-дневно ги следат трендовите на пазарот и еколошките стандарди за квалитет.

Производите се препознатливи по својот постојан квалитет и прифатлива цена .

Достапни се ширум Републиката во сите поголеми маркети, дисконти и магацини на големо.

Визија: Понуда на висококвалитетни домашни производи произведени врз база на еколо-шките стандарди за квалитет, следење на светските трендови со цел да се задржи супериорноста и иновативноста во работе-њето, со истовремена грижа за просперитетот на своите вработени.

Мисија: Постојано развивајќи се да придо-несе брендот Мил и понатаму да биде синоним за ПРВ ЧЕКОР ДО ЧИСТ ДОМ, со цел да ја


оправдаме 20-годишната доверба на нашите верни потрошувачи и соработници.


Идните планови на Хемикс се насочени кон освојување нови пазари, изнаоѓање можности за пласман на своите производи на бившите ЈУ простори и пошироко.

Истражување и развој: Сите фази на производниот процес подлежат на контрола во рамките на сопствената современа лабараторија. Во соработка со надворешни овластени лабаратории, се вршат редовни атести на производите со цел да се задржат еколошките стандарди за квалитет.

Copyright © Hemiks, 2012  All rights reserved.